Соопштение за медиумите пред почетокот на сезоната

По утврдениот протокол за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 за фудбалската сезона 2020/21, присуството на новинари и фотографи на фудбалските натпревари во новата сезона мора да биде сведено на минимум. Клубот домаќин, ФК Пелистер е одговорен за акредитирање на претставниците на медиумите, а бројот на лица треба да се сведе на минимум и нe смее да го надминува наведениот број од вкупно шест новинари и два фотографи.

ФК Пелистре ги информира претставниците на медиумите дека пред натпреварите ќе биде реализирано акредитирање при што предност ќе имаат медиумите работници од Битола.

Ви благодариме однапред на разбирањето.

Со почит,

ФК Пелистер