Спиркоски го продолжи договорот со Пелистер за уште една сезона

Благоја Спиркоски и во наредната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Прилепчанецот и раководството на битолскиот прволигаш најдоа заеднички јазик и потпишаа продолжување на соработката. Спиркоски покрај Пелистер, има играно и за 11 Октомври, Хоризонт Турново, Еуромилк, Македонија ЃП.

Спиркоски беше стрелец на првиот гол на Пелистер во подготвителниот период, оној победоносниот против Борец пред две недели.

Битолскиот прволигаш претходно се засили со Хот, Талески, Илиески, Танушев, Кочоски, Николовски, Нето и Пејаковиќ.