Старт со победа, Хот донесе триумф над Академија Пандев во Битола

Пелистер во Битола, под Тумбекафе, со почитување на сите мерки според протоколите за заштита од ковид-19, стартуваше во Првата фудбалска лига како и посакуваше, со победа, над екипата на Академија Пандев, минимално, но заслужено, бидејќи ја имаа контролата на играта во текот на целиот натпревар и не дозволија гостите да дојдат во ситуација да израмнат.Двете екипи, се виде на стартот, беа желни за играње фудбал по долгата пауза, а веќе во 4 минута гостите погодија статива по ударот на Крстовски од далечина. Но ако струмичани не искористија во 4, „пелистерци“ во 8 минута ја искористија шансата за “ран гол“ со кој поведоа со 1-0.

Бојан Илиевски од десната страна убаво центрираше, а засилувањето од Нови Пазар, Анес Хот, одлично реагираше, постави нога каде требаше и ефектно го постугна својот прв гол за Пелистер.Во 23. минута Пелистер имаше одлична шанса за втор гол. Продолжението не донесе некоја значителна промена на играта, а Хот ја затресе пречката по корнерот кој го изведе Танушев.