Стојчевски: Вративме половина од долгот, сега цел е враќање во Првата лига

На само една седмица по стартот од подготовките на фудбалскиот клуб Пелистер, сопственикот, Пеце Стојчевски за амбициите на клубот, за играчкиот кадар, за проблемите во клубот рече:

„Она што го најавив на стартот на подготовките, е моја желба а секако и на сите членови на управата, на фудбалерите, на навивачите, на сите битолчани кои го сакаат спортот, е враќање на Пелистер во Првата лига каде и му местото. Таа цел ја имавме од минатата сезона, но знаете дека клубот во презедовме по седум-осум кола кога Пелистер имаше само два бода. Во тој период реков дека со таков лош старт на клубот имаме цел само да опстанеме во лигата, бидејќи ако така лошо продолжевме, ќе испадневме и од Втора лига. Но, реков дека ако ни се укаже прилика ќе се бориме и за пласман во Прва лига, за што ни недостигаа три-четири кола. Но, сега тоа е минато и сега сите работиме годинава да биде прволигаши. А. Морам да кажам дека и вторатата цел, не така небитна ја остваривме, ги вративме младинците во младинската прва лига, бидејќи и тие беа испаднати.

Каков буџет има Пелистер и како се решија заостанатите долгови кои ги наследивте?

„Оваа година не можеме да направиме буџет и да ги испланираме во целост бидејќи имаме голем проблем поради наследните долгови од претходните сопственици кои се уште најголем дел не се подмирени. Ние дел од нив вративме, но најголемиот дел кој требаше да го покријат тие е отворена ставка во клубот, половината од долговите се вратени, а половината не се. Овие долгови се најголема болка на оваа управа. Ми беше кажано, уште при преземањето на клубот дека дел од долговите ќе бидат подмирени со помош на претходните сопственици, при што за сето тоа посредуваше Општина Битола, која има се уште поседува дел од акциите. Но, од тоа се уште не е ништо реализирано, а е оставено на наш товар. Ние сакаме да упатиме апел до претходните сопственици и општина Битола, да имаат слух и она што е договорено да се заврши, а потоа ние продолжуваме кон целта. Ако ветеното се реализира ние ќе дишеме послободно и ќе полесно ќе стигнеме до целта, а се ќе подигнеме на повисоко ниво“, заврши Стојчевски.