Стојчевски ќе го суди дуелот Пелистер – Академија Пандев

В недела со натпреварот против Академија Пандев, фудбалерите на Пелистер официјално ќе ја почнат новата натпреварувачка сезона. Во Битола натпреварот ќе го води Игор Стојчевски, а ќе му помагаат Даниел Василевски и Дарко Видиниќ, сите од Скопје.

Четврти судија е Влатко Илиески од Прилеп, а за делегат и контролор именувани се Жанко Савов и Марјан Ристески.

Натпреварот с еигра в недела од 17:30 часот, без присуство на публика.