Танушев донесе голем бод од Кратово

Без победник заврши првиот натпревар од второто коло во новата сезона во ПМФЛ, во Кратово, каде Силекс ретко губи бодови.

Дуелот во Кратово почна во знакот на фудбалерите од Битола, а уште во 6. минута Пелистер поведе со 0-1 со голот на Фазлиу, кој прими топка во казнениот простор, па шутираше низ нозете на Тимовски за водство. Силекс изедначи во 43. минута, кога Мустафов погоди за 1-1.

Во второто полувреме резултатски пресврт имаше во 57. минута со голот на Ивановски за 2-1 за Силекс. На петнаесет минути пред крајот, во 75. минута, Танушев избеде слободен удар, а по лошата проценка на домашниот голман резултато беше изедначен 2-2.

По двете кола Пелистер и Силекс се на првите две позиции со по 4 бода.