Тони Магловски на одстапка во Миравци

Младиот дефанзивец на Пелистер Тони Магловски од денес е нов член на амбициозниот второлигаш Миравци, каде тренер е битолчанецот Зоран Штерјовски.

Младиот 20 годишен централен одбранбен фудбалер замина по драгоцено искуство на истокот од нашата земја, откако ги мина подготовките со Пелистер во Бугарија.

Во договор помеѓу двете управи беше констатирано дека покрај Драгарски, Менде Степановски, Лескароски и Кирил Степановски, младиот фудбалер ќе биде „затворен„ и нема да има доволно минути во нозете. Токму таа минутажа ќе ја пронајде во амбициозниот клуб, кој во новата сезона своите натпревари ќе ги игра во Гевгелија. Планирано е на зима Тони Магловски да се врати во матичниот клуб со драгоцено искуство од Втората лига.