Трајановски си поднесе оставка, Пелистер добива нов тренер

По слабите резултати на фудбалерите на Пелистер, оставка на местото шеф на стручниот штаб на Пелистер, си поднесе сега веќе екс-тренерот, Томче Трајановски.

Тој го известил раководството на ФК Пелистер за неговата намера, а како причина, неофицијално дознаваме, дека биле катастрофалните резултати.

Во текот на утрешниот ден, раководството на Пелистер, ќе треба да соопшто кој ќе го води Пелистер во наредното коло, в сабота, кога Пелистер ја пречекува екипата на Гостивар.