Трифуновски стрелец, Пелистер ремизираше во Кичево

Битолски Пелистер одигра тест натпревар во Кичево против второлигашот Влазерими и ремизираше 1-1 во претпоследната проверка на Наум Љамчевски пред дебито со Победа за десет дена.

Османи ги доведе домаќините во водство, додека во вториот дел резултатот го израмни Иве Трифуновски. Прволигашот мечот го започна со шаренолик тим, бидејќи еден дел од фудбалерите останаа во Битола да се подготвуваат за следните предизвици.

Покрај двата гола љубителите на фудбалот можеа да видат и повеќе голови, но гостите трипати ја погодија рамката од голот. Главевски и Мустафов ја погодија стативата во првиот дел, а Раденко Бојовиќ во продолжението.

В сабота во Битола, Пелистер против Академија Пандев го игра последниот тест пред почетокот на новата сезона во Првата лига.