Управата ја виде првата пролетна победа на Пелистер

„Пелистерци“ победнички ја започнаа пролетната полусезона, победувајќи ја екипата на Влаземири со 2-1 и со три гола дојдоа до третото место со 21 бод и ја продолжија позитивната серија од завршницата на есенскиот дел од второлигашкиот шампионат.

По еден гол во секое повуреме постигнаа браќата Петар и Благоја Љамчевски ги постигнаа головите за битолчани кои донесоа победа под Тумбекафе, над директниот конкурент за врвот на табелата, екипата на кичевски Влазерими.

Битолчани започнаа со иницијатива, а првиот гол го постигнаа во 18 минута кога Благоја центрираше, а неговиот помлад брат Петар со глава ја заковна топката во мрежата.

Победникот го реши Благоја Љамчевски со гол во 82 минута со прекрасен удар пласираше во голот на гостите за 2:0. Во 90 минута Реџепи го ублажи поразот на 2:1.