Финишот кобен за пелистерци

Во добар фудбалски амбиент во Охрид, старите познаници Пелистер и Ренова одиграа тврд контролен натпревар, кој беше најдобра најава за меѓусебниот меч уште во второто коло.Двата тренери ништо не криеа и ги извадија најсилните состави.