ФК Пелистер доби нови сопственици

Новиот фудбалски прволигаш и еден од клубовите со најголема традиција во нашата земја, ФК Пелистер ќе добие нови сопственици.

ЗК Пелагонија, Орка Холдинг, Пелистерка и Жито Битола“ се компаниите кои ќе располагаат со 75% од акциите и ќе го имаат владеачкиот пакет на акции, а останатите 25% остануваат на Општина Битола.

Пред извесен период е извршена трансакцијата на акциите на берзата и наскоро ќе биде официјализирано примопредавањето на акциите од „Цермат“ на споменатите компании. Исто така, новите сопственици најавуваат голем проект кој ќе го врати Пелистер таму каде што припаѓа, во врвот на македонскиот фудбал.