Фудбалерите на Пелистер на новогодишен ручек со желби за поуспешна пролет

Управата на на фудбалскиот клуб Пелистер по повод Новогодишните и Божикните празници организира организира средба на која ги беа фудбалерите и тренерите на првиот тим, членовите на управата и стручниот штаб.

„Ова е еден начин за да ја заокружиме годинава која измина, без разлика како ќе ја паметиме, а со желбите за идната година да си посакаме да биде поуспешна за фудбалскиот клуб Пелистер. Тука се сите сениори, тренери, управа да си посакаме успешна година и секако да им поделиме новогодишни пакетчиња за членовите на управата, фудбалерите истручниот штаб, за нивните деца, рече претседателот на фудбалскиот клуб Пелистер“, Пеце Стојчевски.

Според зборовите на Стојчевски, денес на фудбалерите им е исплатена и платата и официјално заминуваат на одмор, а Управата овој период ќе го искористи за преговори за нови засилувања во Пелистер. Тренерот на Пелистер, Дарко Крстевски, посакувајќи им на сите во клубот среќна нова година рече дека паузата кратко ќе трае и дека по празниците започнуваат со подготовките.