ФФМ одлучи: Пелистер промовиран во прволигаш по прекинот на Вторите лиги

Денес, Управниот одбор на ФФМ одржа седница на која најважната одлука која се донесе е потврдата дека наредната сезона во првата македонска фудалска лига ќе играат 14 екипи.

Според одлуката испаѓање нема да има, а две екипи ќе влезат во друштвото на најдобрите, првопласираните екипи од истоткот и западот, а тоа се Пелистер и Беласица.

Дел од соопштението на ФФМ кое се однесува за ФК Пелистер:

Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за продолжување на натпреварувачката сезона 2019/20 од Првата лига која беше прекината во поради епидемијата ковид-19.

  • Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија на ФФМ за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/20 од Втора лига. Исто така, Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Натпреварувачката комисија во Прва лига од натпреварувачката сезона 2020/2021 да се натпреваруваат екипите кои во моментот на прекинот на натпреварувачката сезона 2019/2020 се на првото место на табелата од Втора лига – Исток и Втора лига – Запад.

За тоа како ќе продолжи Првата фудбалска лига ФФМ со став:

  • Натпреварувањето во Прва МФЛ да се продолжи во скратен систем на следниот начин: Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј-оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-оф фазата се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања.
  • Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања.