Хот во последната минута донесе реми за пелистерци против Струга

Пелистер – Струга Трим Љум 1-1 (0-0)

Играно на стадион под Тумбекафе во Битола

Главен судија: Влахо Константин Влахо

Жолти картони: Спиркоски, Кочоски, Фазлију (П), Шеји (С)

Стрелци: Лена 77, Хот 90

Пелистер: Талески, Илиевски, Драгарски, Илиески, Спиркоски (Талевски 79), Николовски, Танушев (Хот 46), Фазлију, Стојановски, Нето (Кочоски 71), Маневски.

Струга Трим Љум: Ѓуриќ, Ристески, Мециновиќ, Цаке, Шеји (Миленковски 46’), Касами, Таири, Шабани, Османи, Лена(Салиу 89’) , Алтипармаковски.

Пелистер во Битола повторно одиграа реми од 1-1, а израмни во последната минута, оносно во судиското време, во десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига.
Како против Вардар, така и денес, против Струга Трим Љум, Пелистер во Битола се спасува од пораз во продолжението, а овој пат бодот го остави Хот во 91. минута, кој со глава биеше, а за негова среќа голманот беше на погрешна нога. Инаку гостите во Битола беа подобри, а Нијаз Лена беше стрелец на убавиот погодок од слободен удар во 77. минута од натпреварот.

На крајот од судиското надополнување стружани постигнаа и победоносен погодок, но истиот беше поништен заради недозбволена позиција.