Христијан Драгарски потпиша едногодишен договор со битолските „зелени“

По цели четири години Христијан Драгарски и официјално се врати во својот Пелистер. Тој во последната недела дена тренираше за битолчани, играше и на контролите со Неа Саламина и Анортозис, но денеска тго официјализираше едногодишниот договор со „зелените“. Драгарски во минатото, покрај Пелистер, играше и за Конкордија (Романија) и Радник (Србија).

Извор: sport.com.mk