Шенсои: Трите бода се најважни, мораме да играме уште подобро

По триумфот на дебито против прилепска Победа, тренерот на битолчани Начи Шенсои се обрати до медиумите и искажа задоволство од прикажаното.

„Мислам дека на победата не треба да и се гледа во заби, иако имаше и доста работи кои треба да ги корегираме. Трите бода се најважни и ќе ни дадат спокој за во иднина добро да работиме. Почнавме лошо, направив замени да ја поместам екипата поофанзивно и во вториот дел видовме подобар Пелистер. Знам дека ако не создаваме шанси, тешко дека ќе редиме победи и затоа испраќам порака да играме поконкретно, да креираме повеќе и головите ќе си дојдат како последица на таква играта. Задоволен сум што стартувам со победа на моето ново работно место“.

Пелистер следниот официјален натпревар го игра в среда во Тетово против Ренова во рамките на осминафиналето на Купот.