Шкупи со гол во последната минута го совлада Пелистер

Во единствениот неделен натпревар од четвртото коло на Првата фудбалска лига, Шкупи го совлада Пелистер со 1-0 (0-0). Шкупи беше многу подобар тим од Пелистер, но малку фалеше битолчани да си заминат со бод од Чаир.

Особено во првото полувреме се редеа шанси пред голот на Пелистер, два пати пречката и еднаш стативата беа сојузник на Талески, а и тој самиот имаше неколку одлични одбрани. Шкупи промаши и пенал, Исени не реализираше.

Во второто полувреме немаше шанси како во првиот дел, но тогаш беше решен натпреварот. Во 88. минута Дарбо Дембо постигна гол кој значеше победа од 1-0 за Шкупи. Ова е шестиот гол за Дембо во првите четири кола од новата сезона.