Штерјовски: Честитки за фудбалерите, заслуживме минимална победа

По победата над Академија Пандев со 1-0 (1-0), тренерот на Пелистер, Зоран Штерјовски го искажа својот став за натпреварот и изданието на своите фудбалери.

„Презадоволен сум од победата на стартот. На овој натпревар одигравме тимски и тимот победи. Една ситуација на почетокот која ни се укажа на стартот, ја искористивме и потоа контролиравме. Одигравме многу добро во дефанзива и честитки за фудбалерите. Реална е нашата победа од еден гол разлика. Очекувам дека од натпревар во натпревар ќе играме подобро“, рече Штерјовски.

Во второто коло Пелистер гостува кај Силекс во Кратово.