Ѓорѓи Танушев прво засилување на Пелистер за Првата лига

Пелистер го промовираше првото свое засилување за новата сезона во која се враќа во Првата македонска фудбалска лига, досегашниот фудбалер на Академија Пандев, Ѓорѓи Танушев. И покрај понудите од неколку домашни прволигаши Танушев се одлучи да ја прифати понудата на битолскиот клуб.

Покрај за „пандевци“, Танушев претходно во својата кариера настапуваше и за Хорзонт Турново, Брегалница, Силекс и Победа, како и за српските Слобода Ужице, БСК Борча, Пролетер.

Ѓорѓи Танушев е прв нов играч во Битола за следната сезона, а претходно, нови договори добија спортскиот директор Пеце Коруновски и тренерот Штерјовски.