Љавдрим Фазлиу повикан за У21 репрезентацијата за двата октомвриски дуели

Македонската репрезентација до 21 година на 8 октомври против Казахстан и на 13 октомври против Израел (тренинг центар „Петар Милошевски“) го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство. На списокот се наоѓа фудбалерот на Пелистер, Љавдрим Фазлиу.

Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски за двете важни пресметки ќе смета на следните фудбалери:

Голмани:

Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев)

Одбрана:

Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.)

Среден ред:

Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Јани Атанасов (Хајдук, Сплит),Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија)

Напад:

Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелистер)