Љавдрим Фазлију повикан во У21 репрезентацијата на Македонија

Македонската репрезентација до 21 година на почетокот од следниот месец ги продолжува квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. Селекцијата предводена од Благоја Милевски на 3 септември ја пречекува Шпанија (18:45 часот, Национална арена „Тодор Проески“), додека на 8 септември гостуваме на Фарски Острови.

Селекторот на македонската репрезентација повика 24 играчи на списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за настап на двата натпревари. Шестмина се дебитанти, отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз (без клубови) и Хајдари поради повреда. Повикан e еден фудбалер на Пелистер (Фазлију).

ГОЛМАНИ: Ристе Јанков (Работнички), Давид Денковски (Брегалница), Марио Алчевски (Академија Пандев);

ОДБРАНА: Агрон Руфати (Истра, Хрватска), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор Тодороски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев), Никола Серафимов (Академија Пандев), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Марио Младеновски (Фремад Амагер, Данска);

СРЕДЕН РЕД: Давор Здраковски (АЕЛ, Кипар), Кристијан Ацковски (Брегалница), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Димитар Тодоровски (Работнички), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Ердон Даци (Коњаспор, Турција);

НАПАД: Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Кристијан Трапановски (Академија Пандев), Давид Тошевски (Ростов, Русија), Марко Ѓоргиевски (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим Фазлиу (Пелистер).