Љамчевски: Бевме одлични, но среќата не беше со нас, и поништен ни е чист гол

По ремито со Силекс, екипата на Пелистер ја прекина серијата од успеси на домашен герен, иако не прими гол и на петтиот натпревар пред своите гледачи. Тренерот Наум Љамчевски го анализираше попладневниот натпревар.

„Жалиме за пропуштената шанса, игравме добро повторно многу добро, организирано, долго време бевме само ние игравме во натпреварот, но не успеавме. Имавме многу шанси, сметам дека и голот на Ковачев беше регуларен, едноставно не беше наш ден. Моите фудбалери беа одлични и овој меч, како и оној против Ренова одигравме скоро без грешка, но и среќата не беше со нас. Верувам дека ќе ни се насмевне на следниот меч против Вардар“.

Пелистер в среда му гостува на Вардар во рамките на осмото коло, а мечот се игра на стадионот во Ѓорче Петров.

ФОТО: www.gol.mk