Љамчевски: Верувам во оваа екипа и кога победуваме и кога губиме

По одличниот старт на сезоната и трите победи во првите четири натпревари, битолски Пелистер загуби од Ренова со 2-1 во петтиот првенствен натпревар. Тренерот Наум Љамчевски го анализираше натпреварот во Тетово и дуелот со „гипсарите“.

„Игравме солидно во првото полувреме, но во продолжението изостана она што не красеше во првите натпревари, борбеноста, конкретноста, а и мора да им честитаме на фудбалерите на Ренова, кои ни создадоа многу проблеми. В среда на следната средба со фудбалерите ќе анализираме каде погрешивме и ќе мора да свртиме нова страница, бидејќи брзо ни доаѓа уште едно тешко гостување кај екипата на Шкупи. Јас верувам во оваа екипа, го потенцирав тоа и кога победуваме, а и сега кога првпат загубивме“, ни рече Наум Љамчевски.

В недела во мечот од шестото коло од Првата фудбалска лига Пелистер игра против Шкупи на стадионот во Чаир.