Љамчевски: Грешките и деконцентрацијата не чинеа пораз

Пелистер загуби на гостувањето кај Шкупи со 2-1, но и покрај поразот тренер на „зелените“ Наум Љамчевски не е незадоволен од играта, туку единствено жали за наивните грешки по падот на концентрација.

„Сметам дека сме несреќно поразени, иако ние сме тие кои треба да жалат, бидејќи одигравме одличен натпревар и дури и можевме да победиме. Инивидуалните грешки и падот на концентрацијата беа наши гревови и мора да ја прифатиме реалноста дека се враќаме во Битола без бодови. Мора да потенцирам дека одлично работиме, имаме перспективен тим и многу простор за напредок. Дури и сметам дека ако го имам комплетниот тим на располагање најмалку три натпревари по ред, ќе играме уште подобро“, заврши Љамчевски.

Пелистер има три победи, еден нерешен резултат и два порази по првите шест натпревари од шампионатот. Во среда битолчани играат на домашен терен против Ренова во првиот натпревар од осминафиналето на Купот.