Љамчевски: Загубивме од најдобрите во лигата иако херојски се боревме

Пелистер првпат е совладан пред своите гледачи, а тренерот Наум Љамчески по средбата им ја честите победа на фудбалерите на Шкендија (1-2), но им се заблагодари и на своите фудбалери.

„Херојски се боревме против сигурно најквалитетна екипа во оваа лига. Мислам дека има и за што да жалиме, бидејќи имавме водство до 85. минута. Сепак нивниот квалитет, можеби и нашиот недостаток на енергија се причините за конечниот резултат. И натаму ќе работиме како досега и верувам дека ќе се радуваме на нови победи во продолжението на првенството“, рече Љамчевски.

Пелистер во следното 10. коло пред своите гледачи игра против прилепска Победа под „Тумбе кафе“.

ФОТО: Македонски спорт