Љамчевски: Заслужено победивме, публиката се забавуваше

Тренерот на Пелистер, Наум Љамчевски беше пресреќен по извојуваната победа над Работнички и сите заслуги за истата ги префрли кај фудбалерите.

„Прекрасен амбиент, по подолго време два расположени противници, мислам дека ние заслужено го добивме натпреварот и верувам дека Пелистер ќе продолжи во ова темпо. Благодарност до сите фудбалери, за мене најголемо задоволство е што публиката се забавуваше“, истакна Љамчевски.

Пелистер заедно со Вардар е лидер на табелата со 10 бода и сега по паузата заради репрезентативните настапи му гостува на Шкупи.