Single Blog Title

This is a single blog caption

Битолчани спремни за дербито во Скопје

Борче

Борче Маневски
(ФК Пелистер)

Имавме две фази на подготовки, кондиционо во Битола, па во Струга одигравме неколку пријателски натпревари,. Мислам дека сме добро подготвени за ова неделно дерби. На овој натпревар не влијае подготвеноста. Победникот во дербито ќе го реши мотивот, желбата и екипата која ќе ги искористи шансите, ќе се радува.

Имав чест да играм за двата клуба, ги носев и двата дреса. Ние не размислуваме за финансиската ситуација во Вардар. Верувам дека со компактна игра и со индивидуален натпревар ќе го добиеме ова дерби


давор

Давор Талески
(ФК Пелистер)

Очекувам тврд натпревар, ќе одлучи мотивот и желбата. Покомпактната и помотивираната екипа ќе ги освои трите бода, Не нè залажува моменталната ситуација во Вардар. Ќе биде неизвесно. Вардар ќе го добие респектот, но од првата минута ќе покажеме дека ќе играме по целиот плен.

Минатото лето пристигнаа 7-10 нови фудбалери во Пелистер. Имаше осцилации во играта, што и беше нормално. Сега костурот на екипата остана, сите стандардни првотимци останаа и да не прогнозира, очекувам Пелистер да биде само подобар од есенскиот дел.

Leave a Reply