Single Blog Title

This is a single blog caption
treneri

Осум тренери на Пелистер дел од проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“

Викендов започна регионалниот фудбалски проект „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“, во кој е вклучен и македонскиот првологаш Горан Пандев е дел од амбасадорите, а безрезервна поддршка проектот доби и од Наташа Андонова и Илија Несторовски.

Идејата на проектот е преку спортот и преку промоција на позитивните општествени вредности уште еднаш да се делува врз квалитетот на нашето живеење. бидејќи тренерите се важен сегмент во процесот на растење и оформување на нашите деца и млади и тоа е од непроценливо значење за нивното понатамошното делување во средината каде што живеат. Низ фудбалскиот клуб Пелистер поминуваат секојдневно над 250 деца и млади,. Овој битолски клуб со голема традиција е место од каде произлегле големи фудбалски имиња. Преку проектот овие млади фудбалери ќе поминат низ бесплатни фудбалски кампови низ бившите југословенски простори, заедно со своите тренери како и младите фудбалери и тренери од останатите замји при тоа добивајќи бесплатна спортска опрема. Проектот предвидува обука околу на 25 тренери од сите земји, меѓу кои и осум тренерите од ФК Пелистер.
„Се надевам дека важноста на овај проект ќе биде истотака препознаена и од страна на македонските медиуми и дека ќе не пратат во текот на реализацијата на истиот. Првата обука е закажана кон крајот на месец Февруари во Босна и Херцеговина“, ни изјави претставникот на ФК Пелистер и координаторот за нашата земја, долгогодишниот спортист и спортски работник Гордана Цветковска Бошевска.

Промоцијата за отпочнување на овај регионален проект се одржа во Белград, Република Србија и истиот беше сензационално поздравен од страна на сите балкански фудбалски центри и медиуми.

Leave a Reply