Single Blog Title

This is a single blog caption

Пандев амбасадор, Пелистер македонски учесник во проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“


Александар Митровиќ, Един Џеко, Горан Пандев и младинската организација „Младински центар за развој“ (РЦМ) го започнаа регионалниот фудбалски проект „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“. Прославените репрезентативци, играчите кои со капитенската лента ги водат репрезентациите на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, се амбасадори на проектот.

Двегодишната активност ќе се реализира преку програмата Еразмус плус на Европската унија, а поддршката ја дадоа сегашни и поранешни фудбалери од регионот: Милан Борјан, Зоран Тошиќ, Саво Милошевиќ, Саша Здјелар, Милан Родиќ, Немања Милуновиќ, Немања Митровиќ, Милан Бишевац, Бошко Јанковиќ, Дејан Дамјановиќ и Никола Гулан.

Конзорциумот на проектот се состои од актери од спортскиот, младинскиот и образовниот сектор од шест земји: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија и Турција, вклучувајќи ги и клубовите Горица, Марибор и Пелистер, како и белградските Графичар и Слога од Добој. Секторот за млади е претставен од координаторот на проектот Центар за развој на млади од Белград, Центар за образование на синдикати од Бања Лука и Центар за активна младина од Битола и Техничкиот универзитет на Блискиот исток од Анкара и Универзитетот на Свети Кирил и Методиј од Скопје со експерти во спортот.

„Ние сакаме да развиеме, тестираме и подготвиме модул / програма за обука на тренери за тоа како да се користи обука и постојана работа со деца и млади за да се приближат до другите теми од значење за секојдневниот живот преку спортот, кои ќе бидат пилотирани преку бесплатни спортски кампови за помлади категории. Сето ова со комбинирање на формалното и неформалното образование преку спортот, поточно фудбалот“, велат организаторите.

Целта на проектот е да се ревитализира воспитно-педагошката улога на спортот (фудбалот, во овој случај), користејќи го влијанието што го имаат тренерите врз децата и младите.

Горан Пандев, капитенот на репрезентацијата на Македонија, го поздрави проектот.

„Тренерите се вистински пример за децата и младите и затоа целосна поддршка на идејата за понатамошно подобрување на нивните знаења и вештини. Целиот спортски регион очекува одлични резултати од проектот „Заедно за поздрава и побезбедна заедница“. Само напред!“, рече во видео пораката струмичанецот.

Со овој проект младите фудбалери ќе патуваат, ќе се дружат и ќе тренираат заедно на регионалните кампови, запознавајќи се со нивните фудбалски идоли на патот, а исто така клубовите ќе добијат дополнителна опрема за младите фудбалери.

Leave a Reply