Single Blog Title

This is a single blog caption

Пелистер ја надигра Победа во последниот тест, Пејаковиќ двоен стрелец

Pejakovic

Фудбалерите на Пелистер ги завршија подготвителниот период и контролните натпревар пред почетокот на вториот дел од шампионатот на Првата лига. Екипата на Димитар Капинковски попладнево на домашен терен го совлада второлигашот Победа со 2-0 (0-0).

Стрелец на двата гола вредни победа за Пелистер беше Игор Пејаковиќ.

За Пелистер ова беше контрола пред „вечното дерби“ со Вардар, кое на програмата е следниот викенд во Скопје.

Пелистерци се наоѓаат во долниот дел на табелата во Првата лига, а целта до крајот е опстанок.

Leave a Reply