Пелистер има прва меч топка за обезбедување опстанок во лигата, бидејќи Ренова гостува во Битола, во еден од последните домашни натпревари оваа пролет. Тренерот Капинковски верува дека екипата е мотивирана да ја продолжи успешната домашна серија, која вели дека оваа пролет „зелените“ ги добија сите четири натпревари.
„Има уште пет кола до крајот и доста директни дуели, каде бодовите се неопходни за двете екипи. Ренова е доста квалитетна екипа, и требаат бодовите и доаѓа во Битола по побеада. И нам ни требаат бодовите и се надевам на добра игра, максимален ангажман и ако ја сакаме победата ќе ги оствариме целите зацртани од почетокот на сезоната.
Сите екипи се квалитетни и нема некоја голема разлика. Секој може да одигра против секого и може да однесе бодови. Во тој контекст го гледам ова првенство и секој натпревар ќе биде неизвесен. Ако се вложиме максимално и ги исполниме зацртаните задачи ќе стигнеме до целта“, рече Капинковски.
Битолчани против Ренова ќе настапат без повредените Танушев и Спиркоски, а Николовски нема да настапи заради пет жолти картони.