Пелистер ремизираше со Вардар во дербито на првото пролетно коло
Попладнево се одиграа преостанатите пет меча од првото коло во пролетниот дел од сезоната. На дербито на „Тодор Проески“ арената Вардар и Пелистер одиграа 2-2.
Натпреварот беше отворен уште во третата минута кога Петковски казни едно истрчување на гостинскиот голман и донесе предност за Вардар од 1-0. Во 22. минута Пејаковиќ изедначи на 1-1, со тој резултат се замина на полувремето.
По само две минути игра во вториот дел Мирчевски го врати водството на Вардар од 2-1, но на десет минути пред крајот Маневски погоди за конечни 2-2.
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 2-2 (1-1)
Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.
ВАРДАР: Илиќ, Гугуљанов (60’ Д. Велковски), Велкоски, Радуловиќ-Величковиќ, Петковски, Блажевски (86’ Стојановски), Ѓурковски, Лазаревиќ, Крстевски, Мирчевски (73’ Парталко), Најденов.
ПЕЛИСТЕР: Талески, Илиевски, Спиркоски, Бошковски (73’ Фазлију), Кочоски, Николовски (56’ Гоудиаби), Пејаковиќ, Размоски (46’ Маневски), Талевски (56’ Илијовски), Илиески, Алдаир.