Драгарски и Гудиаби ја срушија Беласица за среќен крај на сезоната

Пелистер – Беласица 2-0 (1-0) Пелистер со победа над Беласица со 2-0 (1-0) ја заокружи сезоната во Првата лига. Иницијативата на домаќините вроди со плод во 19. минута, кога по центаршутот од левата страна на Размоски, Ристе Илијовски кратко додаде, а капитенот Драгарски постави нога и реактивно ја затресе мрежата на Беласица. Конечниот резултат го…

Трајчевски: Да победиме за добар крај и за „Чкембарите“

Пелистер е апсолутен фаворит на дуелот против Беласица, со кој ќе ја заврши полусезоната во која беше најдобар домаќин во Првата лига. Битолчани веќе двапати славеа против „фенерџијата“ од Струмица, а и не прими гол и при двете победи. Младиот голман Филип Трајчевски ќе добие шанса од првата минута, а верува дека тој и соиграчите…

Капинковски: Да ја завршиме сезоната со победа и многу голови (ВИДЕО)

По победата од 0-2 на „Благој Истатов“ во октомври и минималната победа од 1-0 во Битола во декември во последното коло минатата година, Пелистер и Беласица ќе се соочат за бодови по третпат оваа сезона, вторпат во Битола. Тренерот Димитар Капинковски најавува промени во тимот и атрактивен фудбал „Кога дојдов во Пелистер бевме претпоследни и…

Трајчевски донесе бод за пелистерци од гостувањето кај Шкупи

Шкупи – Пелистер 0-0 Екипата на Пелистер одигра нерешено во Скопје против Шкупи (0-0) и без најдобриот фудбалер Омар Гудиаби, кој е позајмен од денешниот противникот Шкупи. Пелистерци играа повлечено, одлични беа во одбраната и голманот Трајчевски, кој денес бранеше наместо Талески, па неколкупати се спасуваа во текот на првото полувреме. Во вториот дел битолчани…

Гудиаби инспиратор, Пелистер ја победи Академија Пандев под „Тумбе кафе“

Пелистер – Академија Пандев 3-1 (1-1) Екипата на Пелистер одигра одличен натпревар во рамките на 31. коло на Првата лига и по водството на Академија Пандев 0-1, се врати и стигна до победа од 3-1 (1-1). Со оваа победа и три бода, битолчани и наредната сезона ќе играат и гледаат прволигашки фудбал под „Тумбе кафе“…

Маневски: Нијанси ќе решаваат, двете екипи се во подем на формата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на Пелистер оваа сезона, напаѓачот Борче Маневски смета дека и Пелистер и Академија Пандев оваа пролет играат во одлична форма и дека нијанси ќе го решат победникот на овој натпревар закажан за утре попладне. Според Маневски двете екипи имаат своите добри страни, кои ривалот добро ги познава. „Имаме респект кон Академија…

Драгарски: Го ценам противникот и тренерот Васоски, но верувам и во соиграчите (ВИДЕО)

Од првото коло и натпреварот на Пелистер против Академија Пандев, кој го одлучи Анес Хот со гол за 1-0, многу работи се променија во двете екипи. Денес и битолчани и струмичани ги водат нови тренери, опстанокот е многу блиску за двете екипи, а меѓусебниот дуел утре попладне е од исклучителна значајност и кај едните и…

Пелистерци премногу грешеа и убедливо загубија во Ѓорче Петров

Македонија Ѓорче Пертов го совлада Пелистер со резултат од 3-0 (1-0), во натпревар од вонредното 30. коло на Првата фудбалска лига. Резултатот беше отворен по грешката на Талески и Робсон погоди уште во раната фаза. Боби Божиновски со прекрасен удар од дистанца го совлада Талески за 2-0, додека во самиот финиш Фернандо Аугусто од најстрога…

Ампонсах: Верувам дека ќе донесеме три бода од Ѓорче Петров (ВИДЕО)

Пелистер ги демантираше сите скептици кои по променливата есен очекуваа грчевита борба за опстанок за битолските зелени. Екипата на Капинковски ја очекуваат уште четири натпревари, а на првиот нареден, утре во Ѓорче Петров, се очекува Принц Ампонсах да започне од првата минута. „Фокусирани сме на натпреварот утре попладне. Верувам во три бода и со Божја…

Николовски: Противникот има искусна екипа, но растеретени можеме да го изненадиме (ВИДЕО)

Иако немаа доволно време за подготовка, фудбалерите на Пелистер со ентузијазам го чекаат гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Во тимот се враќа Христијан Николовски, но заради повреда ќе ги нема Спиркоски и Танушев. Токму Николовски, кој своевремено настапуваше за „лавовите“ со оптимизам го најави натпреварот утре попладне. „Со трите бода освоени против Ренова успеавме да…