Пелистер – Беласица 2-0 (1-0)
Пелистер со победа над Беласица со 2-0 (1-0) ја заокружи сезоната во Првата лига.
Иницијативата на домаќините вроди со плод во 19. минута, кога по центаршутот од левата страна на Размоски, Ристе Илијовски кратко додаде, а капитенот Драгарски постави нога и реактивно ја затресе мрежата на Беласица. Конечниот резултат го постави Гудиаби, кој направи дар-мар во противничката одбрана и со слалом го реши прашањето на победникот во 78. минута.
Пелистер сезоната ја заврши со 44 бода и класифициран е на шестото место на табелата во Првата лига.