Пелистер – Академија Пандев 3-1 (1-1)
Екипата на Пелистер одигра одличен натпревар во рамките на 31. коло на Првата лига и по водството на Академија Пандев 0-1, се врати и стигна до победа од 3-1 (1-1). Со оваа победа и три бода, битолчани и наредната сезона ќе играат и гледаат прволигашки фудбал под „Тумбе кафе“ во Битола.
Човек на одлука на битолчани беше фантастичниот напаѓач Гудиаби, кој учествуваше во сите три гола на својот тим, две асистенции и еден гол, а и голманот Талески кој во финишот од првиот дел одбрани пенал. Струмичани подобро отворија, ја имаа топката повеќе во нозете, во 15. минута Маркоски се најде на вистинското место и погоди за 0-1. Во 41. минута, Гудиаби го пронајде Маневски, кој успешно избегна офсајд стапица, и со удар меѓу нозете на Јовановски израмни на 1-1. Пред крајот на првиот дел „пандевци“ со најстрогата казна заради влечење од Драгарски врз Маркоски, домашниот голман Давор Талески го одбрани и сочува реми за пелистерци на полувреме.
На стартот од вториот дел Пелистер направи комплетен пресврт и поведе до 2-1. По нафрлената топка од слободен удар на Гудиаби, Ристе Илиојски од тешка позиција, со удар со глава на втора статива, донесе огромна радост и прво водство. Гудиаби со нов супер-гол со удар со левата нога од далечина стави точка на натпреварот и ги постави конечните 3-1.