Фудбалската сезона во Првата лига продолжува оваа среда, со натпреварите од 27. коло.
Најдобриот македонски судија, Александар Ставрев од Скопје е делегиран за главен судија на дуелот во Битола каде Пелистер ќе го пречека Силекс. Нему ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петревски, исто така од Скопје. Марјан Младеновски од Скопје ќе биде четврти судија на натпреварот. Делегат на Фудбалската федерација на Македонија е Зоран Златановски, а контролор на судењето Димитар Мечкаровски.
Натпреварот е утре во среда од 13:00 часот во Битола.