Пелистер ги демантираше сите скептици кои по променливата есен очекуваа грчевита борба за опстанок за битолските зелени.
Екипата на Капинковски ја очекуваат уште четири натпревари, а на првиот нареден, утре во Ѓорче Петров, се очекува Принц Ампонсах да започне од првата минута.
„Фокусирани сме на натпреварот утре попладне. Верувам во три бода и со Божја помош мислам дека ќе се вратиме со победа. Тимот има добар квалитет, сите се на диспозиција, и оние кои стартуваат и фудбалерите од клупата. Верувам дека ќе донесеме три бода“, вели Принц.
За натпреварот во Ѓорче Петров, тренерот Капинковски нема да може да смета на повредените Танушев и Спиркоски, но во тимот се враќа Николовски.
Натпреварот започнува утре од 13:00 часот.