Од првото коло и натпреварот на Пелистер против Академија Пандев, кој го одлучи Анес Хот со гол за 1-0, многу работи се променија во двете екипи. Денес и битолчани и струмичани ги водат нови тренери, опстанокот е многу блиску за двете екипи, а меѓусебниот дуел утре попладне е од исклучителна значајност и кај едните и кај другите.
Капитенот Христијан Драгарски пред натпреварот со финалистот на Купот на Македонија рече:
„Знаејќи дека ова е трет натпревар во шест дена, и психички и физички ќе биде многу тешжок натпревар. Секој бод е значаен, а од наша страна може да ветам дека Пелистер секогаш игра на три бода. Така ќе биде и утре попладне. Исклучително го ценам тренерот Васоски. Со неговото доаѓање, Академија Пандев има нагорна линија на формата и тоа го докажаа со пласманот во финалето на Купот на Македонија. Ќе биде тактички тежок натпревар, а јас се надевам дека бодовите ќе останат во Битола“, вели Драгарски.
Овој натпревар е претпоследен домашен натпревар за екипата на Капинковски оваа сезона, а последниот е против Беласица на 16 мај.