Викендов на терените ширум земјата ќе се одиграат натпреварите од 26. коло на Првата македонска фудбалска лига, а од ФФМ веќе ги делегираа арбитрите.
На националната арена „Тодор Проески“ ќе се сретнат Работнички и Пелистер, а правдата ќе ја дели Марјан Гоцевски од Струмица. Натпреварот ќе се одигра во сабота од 13:00 часот.
Според одлуката која Комисијата за натпревари при ФФМ ја потврди пред неколку дена, и неделните дуели ќе се одиграат од 13:00 часот.