Пелистер – Силекс 3-2 (2-2)
Пелистер се надмина себеси и го совлада Силекс со 3-2 во натпревар од вонредното 27. коло на Првата лига, откако гостите од Кратово водеа со 0-2 по првите 20-тина минути. Ова е четврта пролетна победа на Пелистер на домашен терен, со што екипата на Димитар Капинковски се наоѓа на чекор до остварување на целта – директен опстанок во лигата.
Силекс поведе со головите на Ѓоргиев и Тантуровски, но Пелистер до крајот на полувремето успеа да дојде до израмнување. Прво Драгарски во 24. минута погоди за 1:2, а во 30. минута Илијовски донесе израмнување. Голот вреден три бода за Пелисер го постигна Нето во 71. минута.
Во следното 28. коло, Пелистер викендов гостува кај Струга Трим Лум.