Со трите бода против Силекс, Пелистер направи голем чекор напред за опстанок во лигата. Со 35 бода на шест кола до крајот екипата на Капинковски може помирно да влезе во последните неколку кола. Пред гостувањето кај Струга Трим Љум, дефанзивецот Дарко Илиески потврдува дека многу помирно ќе се играат последните неколку кола, бидејќи целта е пред остварување.
„За нас беше многу важно што се вративме од 0-2 и го совладавме Силекс. Покажавме дека сите досегашни резултати не се случајни. Одиме во Струга по позитивен резултат. Малку сме порастеретени и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат.
Струга Трим Љум е одлична екипа, има добри фудбалери и ретко губи на домашен терен. Мислам дека еднаш или двапати загубија дома сезонава. Се надевам на позитивен резултат“, реле Илиески.
Во претходните две средби, во Битола двете екипи играа 1-1, а во Струга пелистерци славеа со 0-1, со голот на Пејаковиќ во последната минута.