Eкипата на Пелистер освои три бода против Ренова, иако Капинковски имаше проблеми во составувањето на тимот без Танушев, Спиркоски и Николовски. Единствениот гол го постигна Гудиаби, а јунак беше и голманот Талески со одбранет пенал.
„Ова е значајна победа и три бода со кои во 99% од случаи обезбедивме опстанок без бараж. Тоа ни беше целта и пред почетокот на сезоната. Целта ги оправдува средствата и успеавме во нaмерата. Денес целта ни беше да се одбраниме и важно е што бодовите останаа во Битола.
Ова е база за успешна следна сезона. Одигравме добра пролет, се спасивме од испаѓање и сега се стремиме следната сезона да играме во Европа, каде што и му е местото на Пелистер“, рече Бојан Илиевски.
Вo среда од 13:00 часот Пелистер гостува кај Македонија Ѓорче Петров во Скопје, а следната сабота во Битола ќе дојде Академија Пандев во рамките на 31. коло.