Интернационалецот од Ангола, Алдаир Нето заради повреда не настапи против Вардар, но се враќа во тимот, неделава тренираше без проблеми и ќе конкурира за место во првиот дел попладнево.
„Мислам дека имаме добри шанси на натпреварот против Работнички. Добро трениравме оваа недела и верувам дека сè ќе биде во најдобар ред. Самодовербата по натпревар против Вардар е поголема. Мислам дека ако продолжиме со ваква работа, со истите идеи на тренерот, секогаш може подобро и подобро“, вели поранешниот фудбалер на Шкендија.
По натпреварот со Работнички, пелистерци во среда во Битола го пречекуваат Силекс, во рамките на вонредното 27. коло.