По репрезентативната пауза се враќаат натпреварите од Првата фудбалска лига.
Во рамките на 25. коло се игра „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер, а правдата ќе ја дели Марјан Маркоски.
Во улога на асистенти ќе бидат Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски од Кичево. Делегат на ФФМ ќе биде Драган Блажовски од Скопје, а контролор на судењето Зоранчо Темелков.
Стојанче Трпчевски (Македонија ЃП – Академија Пандев)
Марјан Маркоски (Пелистер – Вардар)
Константин Влахо (Шкендија – Силекс)
Јован Качевски (Шкупи – Ренова)
Дејан Младеновски (Струга Трим Љум – Беласица)
Александар Грујоски (Работнички – Борец)
Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар се игра вo недела од 15:00 часот.