Променливиот Mарт со домашни победи и гостински порази сепак го донесе Пелистер сам да зависи околу својата иднина оваа пролет. Ако утре падне Ренова во Битола, екипата на Димитар Капинковски ќе може да потврди дека и следната сезона ќе игра во Првата лига.
„Со доаѓањето на Капинковски работите си дојдоа на свое место. Пелистер игра извонредно во вториот дел на првенството и го заземе второто место во пролетниот дел. Ни следи тежок натпревар утре со Ренова. Но, се надевам на три бода и обезбедување опстанок без бараж натпревари.
Не мора ништо да значи што ја победивме Ренова пред два месеци. Секој натпревар е ново докажување и верувам дека мотивирано ќе влеземе во натпреварот и трите бода нема да бидат доведени во прашање. Се надевам дека по натпреварот ќе биде многу појасно на табелата“, смета Иван Пејаковиќ.
Игор Стојчевски од Скопје е делегиран да ја дели правдата на овој натпревар, а дуелот ќе се игра без присуство на публика заради одлуката на Владата среде пандемија.