Победник во вечното дерби на мак-фудбалот, кое се одигра во Битола, по тежок терен, студено и врнежливо време, е екипата на Пелистер, којa го победи Вардар со 2-0 (1-0) а головите ги постогна Борче Марковски. Со оваа победа “пелистерци“ се искачија на седмата позиција на табелата.
Дербито започна израмнето, а во 16. минута од првата закана домаќинот поведе со голот на Маневски со глава, по одличната асистенција на Бојан Илиевски, кој продре по десната страна. Следеше период на стабилизација на играта, а голманот на Пелистер во тој период ниту еднаш не интервенираше. На стартот на вториот дел го бележиме додавањето на Блажевски, а и шансата на Пелистер преку Спиркоски, ама Игески беше на висината на задачата и ја расчисти опасноста.
Во средината на вториот дел, Драгарски лизгачки стартуваше врз Мирчевски, а тоа го предизвика првиот инцидент, по што тој и Блажевски пожолтеа. Од прекинот Вардар ја имаше најдобрата шанса, Велкоски биеше по центаршутот на Блажевски, но од самата гол-линија спаси Драгарски. Фазлиу во 75. минута за малку не погоди со глава и го стресе дирекот. На десетина минути пред крајот Фазлиу имаше уште една шанса, ама Игески одлично спаси.Во самиот финиш, беше оправдано досуден пенал за Пелистер, а ударот од единаесет метри Борче Маневски, кој ја презеде одговорноста, по вторпат реализира за Пелистер
.