Со цврста и борбена игра на тимот на Пелистер, под „Тумбе кафе“ во Битола, предводена од Димитар Капинковски ја совлада екипата на Ренова минимално, но сосема заслужено, а натпреварот помина во знак на голот на Гудиаби и одбраната на пеналот на Талески, а потоа и зицерот по него.
Екипата на Ренова немаше решение за брзината на Омар Гудиаби. Сенегалецот побегна во 28. минута, како брзо воз ја мина одбраната на Ренова и со пласирана топка со левата нога го матира Велии.
Со 38 бода пелистерци го обезбедија опстанокот, а на Ренова егзистенцијата ѝ зависи од последните четири кола.