Работнички – Пелистер 3-1 (2-0)
Работнички го совлада Пелистер со 3-1 и го продолжи победничкиот чекор во Првата лига. Ова е втор пролетен пораз за тимот на Димитар Капинковски.
Во 22. минута, Марио Станковски ја затресе мрежата на Пелистер, по асистенцијата на Лука Станковски. Одлично реагираше и откосо од десната страна пронајде пат за топката да заврши во спротивниот агол од голот на Давор Талевски. Во 36.минута, погодок за Ѓурѓевиќ за 2-0. Марјан Ристовски центрираше од левата страна, а Фахрудин Ѓурѓевиќ добро реагираше во петерецот и постигна гол.
Во 65.минута, Стефан Јевтоски зголеми на 3-0. По акција на Марио Станковски и на Ѓурѓевиќ, на крајот Јевтоски ја погоди мрежата на Пелистер.
Осум минути подоцна, чуварот на мрежата на Работнички, Ристе Јанков со две одлични интервенции, двапати одбрани пенал. Првиот пат судијата Марјан Гоцевски го повтори ударот на Танушев, но Јанков и вториот пат беше бравурозен.
Во 90.минута, Валентин Кочоски постигна почесен гол за Пелистер, поставувајќи го конечниот резултат на мечот.