Утре се играат натпреварите од вонредното 27. коло на Првата фудбалска лига. Пелистер многу брзо има можност за поправен испит по поразот од Работнички во Скопје. Во Битола доаѓа Силекс, а натпреварот има огромна важност, бидејќи двата клуба се разделени само три бода на табелата.
Голманот Давор Талески ја прекина серијата од 480 минути без примен гол против Работнички, но верува во нова серија позитивни резултати.
„Очекувам позатворен натпревар за разлика од претходните два. Овој дуел е како бараж и за нас и за нив. Се „крши“ првенството за двата тима. Со нашиот однос од првата минута треба да им дадеме до знаење дека нема што да бараат „Под Тумбе кафе“. Се надевам на три бода и да продолжиме каде што застанавме со Вардар. Натпреварот против Работнички е зад нас. Не одговоривме на барањата, но секоја екипа има падови. Очекувам почеток на нова позитивна серија до крајот на првенството. Не би рекол дека притисокот е поголем кај Силекс. И кај нас има пресија. Сепак, верувам во моите соиграчи, во мојата екипа. Покажавме карактер оваа полусезона и овој натпревар е позначаен за нас, отколку за Силекс. Тие се во добра серија, но сè зависи од нас. Верувам дека утре тоа ќе го покажеме од првата минута“, смета Талевски.
Во претходните два натпревари, Пелистер одигра 2-2 во Кратово и загуби на домашен терен со 1-3.